Магазинот Форбс направи список на десетте најплатени јутјубери во 2019 година, а осумгодишниот Рајан Каји се најде на прво место.
Каји го стартуваше каналот кога имаше само три години, кога снимал додека одвиткувал подароци.
Сето тоа прерасна во мини-научни експерименти кои исто така ги снимаше и ги објавуваше, по што потпиша договор со Никлдеон и Хулу. Оваа година Каји заработи 26 милиони долари, што го лансираше на врвот на листата на Форбс.
На второто место се најде каналот Дјуд Прфект кој заработи 20 милиони долари. Видеата за овој канал ги снимаат пријателите Коби Котон, Кори Котон, Герет Хилберт, Коди Џоунс и Тајлер Тоуни кои играат различни спортови и рушат Гинисови рекорди.
Петгодишната Анастасија Раџинскаја се најде на третото место со заработени 18 милиони долари.