ФОТО: Осмото светско чудо на повидок?

Од:

Тој е уметник кој е познат по тоа што Рајхстагот го завитка во платно, ги декорирал автопатите во Калифорнија со жолти чадори, но неговиот најнов проект ќе ги засени сите претходни. Ќе ја засени и големата пирамида во Гиза.

Христо е 74-годишен уметник од бугарско потекло, кој планира да го направи најголемиот споменик кој некогаш го видел човештвото. Од дури 410.000 барели нафта тој сака да направи буквално осмо светско чудо- пирамида која во споредба со онаа во Гиза изгледа “мала”.

Во овој проект, кој тој го нарекува „Мастаба“, Христо планира да инвестира 1.977.960.000 куни, а резултатот ќе биде градба висока 150 метри.

Христо планира тој споменик да го направи во пустина на 160 километри од Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, пренесува Дејли Меил.

Идејата за овој проект уметникот ја добил уште пред 30 години, инспирирани од шарениот пустински песок, но различни конфликти го спречувале во неговата реализација.

Абу Даби со овој проект стане да стане средиште на уметноста и културата. Владетелите на Емиратите одобрија парче од пустината покрај оазата Лива за изведба на проектот, односно блиску до границата со Оман.

Христо мислел на се, вклучувајќи го и “златниот ефект“, што сигурно наиде на одобрување во Емиратите.

“Во зорите вертикалниот ѕид ќе биде исполнет со златен сјај”, вели уметникот.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска