Опасна храна, која предизвикува задушување кај децата

Од:

Меѓу 2001 и 2009 година повеќе од 16 илјади деца до 14 години завршиле во брза помош поради задушување со тврди бонбони, покажа американската студија, објавена во списанието „Педијатрикс“.

Останатата опасна храна поради која е повикувана брза помош се други видови бонбони, месо, коски, овошје и зеленчук, семенки, јаткасти плодови, чипс или пуканки.

На малите деца им недостигаат заби за ситнење на храната, па се уште учат како треба да џвакаат и се многу активни, што може да ја зголеми можноста од задушување со храна.

Американската педијатриска академија препорачува на децата до пет години да не им се даваат тврди бонбони или гуми за џвакање, а овошјето и зеленчукот да се сецкаат на помали парчиња.

Децата додека јадат треба да се надгледуваат, никогаш не би требало да трчаат, да одат, да си играат или да лежат, додека храната им е во устата.

Продукти, кои можат да претставуваат голем ризик за децата, се оние слични на формата на детските органи за дишење, оние кои тешко се џвакаат (суровото овошје и зеленчук) и оние кои се конзумираат по повеќе одеднаш, како семенки и јаткасти плодови.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on