Онлајн пеење на птици

Од:

Најголемата и најстара колекција на звуци од природата е дигитализирана и достапна онлајн на интернет страницата MacaulayLibrary.org. 

Библиотеката Макалеј, која се наоѓа во рамки на оринтолошката лабораторија на Универзитетот Корнел, поседува научна архива на аудио и видео записи од биодиверзитетот.

Снимките кои биле во аналоген формат, и датираат дури од 1929 година, сега комплетно се дигитализирани и можат да се слушнат онлајн.

Аудио кустосот во библиотеката Грег Бадни изјави дека во поглед на достапниот материјал, кој сега им е на располагање на сите во светот, ова е револуционерен чекор.

На архиварите им биле потребни 12 години да ја завршат дигитализацијата на колекцијата, која има приближно 150.000 аудио снимки, односно 7.513 часа материјал.

Библиотеката содржи 9.000 различни видови животни, најмногу птици, но и китови, слонови, жаби и примати.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски