Музејот за модерна уметност (МоМА) во Њујорк одлучи да го вброи во својата збирка омотот на првиот студиски албум на Арсен Дедиќ – Човек као ја, од 1969 година.
Дизајнот е на Михајло Арсовски, еден од пионерите на графичкиот дизајн во Хрватска.
Кустосот од Одделението за архитектура и дизајн Мартино Стиерли наведува во писмо до Дедиќ дека со големо задоволство го известува дека Комисијата за аквизација при Одделението за ахитектура и дизајн МоМА одлучила да го смести во својата колекција омотот од албумот „Човек као ја.
Писмото е испратено до Дедиќ на 14 август, три дена пред неговата смрт.
Албумот беше продаден во повеќе од 60.000 примероци.
Арсовски тогаш беше графички уредник во Поп Експрес, прво хрватско музичко списание. Албумот е авторска исповед на Дедиќ кој се претставува во прво лице еднина и реиздаден од Југотон во 1971 и во 1974 година.