Оловото во кармините може да влијае на интелигенцијата

Од:

Истражувањето спроведено во Америка врз 22 вида на кармини открило дека 55 отсто од нив содржат олово.

Лабораторијата „Андерврајтерс“ открила дека во 12 тестирани кармини биле пронајдени токсични супстанци.

Докторот Шон Палфри, медицински директор на програмата за превенција од труење со олово во Бостон, предупреди дека дури и изложеноста на мало колиство олово може да претставува ризик за здравјето и да влијае врз менталното здравје.

– Она што го знаеме е дека дури и најмало количество на олово може да го оштети вашето IQ, да влијае врз однесувањето на личноста и способноста за учење, изјави Палфри.

Моментално во Америка, каде што е спроведено истражувањето, не постои закон кој го регулира количеството токсични материи во кармините, бидејќи одговорноста за проценката е на произведителот врз основа на безбедносни тестови кои тие ги извршуваат.

Лабораторијата не ги откри компаниите во чии производи е откриено оловото, но нејзини претставници изјавија дека повеќето се достапни во продавниците и аптеките ширум Америка.

Оловото не се става намерно во кармините, но во нив има бројни адитиви кои даваат боја базирани на минерали и содржат траги од олово кои природно се наоѓаат во земјата, водата и воздухот.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он