„Октоберфест“ дефинитивно откажан, втора година по ред

Од:

Најголемиот и најпознат светски фестивал на пивото, „Октоберфест“, кој требаше да се одржи од 18 септември до 3 октомври во Минхен, е откажан втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот, изјави денеска баварскиот премиер Маркус Зедер.

Според него, здравствената ситуација и понатаму е многу небезбедна за да може „најголемиот од сите собири“ да се одржи оваа есен.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер ја оцени таквата одлука како „горчлива“, но додаде дека таа не е изненадувачка.

Октоберфест секоја година привлекува околу шест милиони гости, од кои многумина доаѓаат од странство.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче