Одбиено барањето за „утврдување татковство“ против поранешниот шпански крал

Од:

Врховниот суд на Шпанија го отфрли барањето на Белгијката Ингрид Сартио, која иницираше постапка за утврдување дали поранешниот шпански крал Хуан Карлос е нејзин татко.

Сартио тврди дека таа е вонбрачна ќерка на Хуан Карлос од тајната врска што тој наводно ја имал со нејзината мајка, пред да седне на шпанскиот престол.

Судот во Мадрид, меѓутоа, пресуди дека ваквите тврдења на Сартио се без основа, а го отфрли и нејзиното барање за извршување на ДНК тестови.

Случајот со барањето за утврдување на татковството на Хуан Карлос потекнува од 2012 година, но таквата иницијатива и тогаш беше отфрлена, поради кралскиот имунитет што тој го имаше во тоа време како шпанскиот суверен. Тој го загуби имунитетот откако во јуни минатата година абдицирапе во полза на неговиот син, па обвинувањата на Сартио одново станаа актуелни.

Шпанскиот Парламент му додели „ограничен имунитет“ на Хуан Карлос (77), но сепак дозволи Судот да може да работи на случајот.

Во јануари годинава Врховскиот суд прифати да го разгледа случајот на Белгијката, но отфрли слично барање на уште еден претендент за вобрачен син на поранешниот шпански крал.

Ингрид Сартио тврди дека љубовната аферата на нејзината мајка се случила во 60-те години на минатиот век, кога Карлос бил крунски принц, но веќе бил оженет за тогашната грчка принцеза Софија, која се уште е негова сопруга и мајка на актуелниот шпански крал Фелипе Шести.

Хуан Карлос беше 39 години на шпанскиот престол, па и покрај сегашната афера околу „татковството“ и пишувањето на таблоидите дека и бил неверен на кралицата Софија, тој ќе остане запаметен по својата огромна улога во развојот и зацрврснувањето на шпанската демократија и во зачувувањето на територијалниот интегритет на земјата по смрта на генералот Франко во 1975 година.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски