Одбележување на Светскиот ден на бубрегот

Од:

 По осми пат денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на бубрегот чие мото оваа година е „Стоп за акутното бубрежно оштетување“.

Одбележувањето на овој ден ќе се одржи во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон, со стручна поддршка на Здружението на нефролози и Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи, а под покровителство на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

По повод Светскиот ден на бубрегот ќе се одржат трибини на тема „Акутно бубрежно оштетување“ во пет градови во земјата, ќе биде делен промотивен материјал, а исто така ќе се одржат промоции на книги чии автори се пациенти на дијализа.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он