Објавени мемоарите на принцот Хари, рангирани како најпродавана на „Амазон“

Од:

Мемоарите на британскиот принц Хари, под наслов „Spare“ официјално беа објавени денеска. Книгата и досега веќе го привлече светското внимание, бидејќи принцот во неа ги открива своите лични борби, како и критички ставови за други членови на британското кралско семејство – неговиот татко, кралот Чарлс Трети, неговата маќеа Камила и постариот брат, принцот Вилијам.

Насловот „Spare“ во превод значи „резерва“, но и „поштеден“, „вишок“, како и неколку други различни, но слични значења.

Книгата во мигов се рангира како најпродавана на „Амазон“ во Велика Британија, САД, Австралија и Канада.

Кралското семејство сѐ уште нема официјален коментар за мемоарите на принцот Хари. Според познавачи, веројатно нема ниту да има официјален коментар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Меган Маркл и принцот Хари се договорија да тргнат по својот пат

А1он

Принцот Хари е нервозен

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

(ВИДЕО) Се огласи постарата жена со која принцот Хари ја загуби невиноста: „Траеше пет минути“

Предраг Петровиќ