Откако на 30-ти август, на републиканската конвенција во Вашингтон, одржа петнаесет минутен разговор со празна столица, познатиот режисер и глумец Клинт Иствуд создаде нов интернет хит-„Иствудинг“.
Прв на настапот и монологот на Иствуд, реагираше претседателот на САД, Барак Обама, на кого пораката и му беше упатена.
Обама на својот Твитер постави фотографија од претседателската столица со коментар:„ Оваа фотелја е зафатена“.
Овој потег предизвика одушевување кај подржувачите на Обама, па сликите го „преплавија“ Твитер.
Многумина забележаа сличност меѓу режисерот Клинт Иствуд и еден од јунаците на „Симсонови“. Во една од епизодите, еден од Симсонови , беше објавен во весниците затоа што имаше пресметка со облак.