Новогодишната декорација го подобрува расположението и ги намалува кавгите

Од:

Убавите божикните украси во домовите спречува семејни конфликти, поради тоа што предизвикуваат добро расположение, тврди американски психолог за весникот „Дејли мејл”.

Комбинацијата на бои за божиќна декорација го подига духот. Од античките времиња овие бои создавале чувство на удобност и ја зголемуваат нашата способност да уживаме и да се релаксираме.

Мекото и топло осветлување ги подобрува расположението и креативноста, а го подобрува и апетитот.

– Ние сме склони да мислиме дека сме различни од животните, но всушност сетилата често ги одредуваат нашите реакциите, вели д-р Сали Огустин. – Во саваната, каде се развил нашиот сензорен систем, топлата светлина обично значи запален оган на крајот на денот, а тоа е поврзано со готвење и други пријатни искуства, појаснува таа.

Позитивните асоцијации, исто така, предизвикува црвена боја. Таа го подобрува расположението и луѓето стануваат позборлести. Домашната атмосфера, меките ткаенини и познатите мириси придонесуваат за мирот во семејството, дури и при големи роднински собири, бидејќи ни навестуваат нови искуства.

Стресот се намалува и кога просторот не е пренатрупан. Ако декорација е премногу сложена, за луѓето може да е непријатна, бидејќи биолошки сме склони на претпазливост во околината. Ако околу нас има премногу работи, треба да процесираме многу информации пред да се смириме, кога ќе увидиме дека сме безбедни.

Студената или сина светлина, од друга страна, напрегнува, што помага за исполнувањето на задачите, но не помага за разбирање на материјалот кој утврдуваме.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар