Иако новиот премиум телефон на Самсунг, Галакси С8 се уште не е презентиран, веќе се познати многу работи за неговите карактеристики како хардверските, така и за софтверските решенија.
Најавено е дека новиот виртуелен помошник на Самсунг ќе се вика Bixby, а според шпекулациите се очекува тој да знае осум јазици.
Јужнокорејската компанија сака да се издвои од силната конкуренција па по Сири, Кортана и Асистентот на Гугл, сакаат да настапат со врвно решение во полето на виртуелен асистент за нашите мобилни.
Bixby освен што би разбирал осум јазици, ќе може да чита текст и да идентификува објекти со помош на камерата.