Новиот тинејџерски филм „Step Up“ личи на порно филм

Од:

Според некои од познавачите разликата помеѓу новиот четврти дел од урбаната денс тинејџерска филмска серија „Step Up“ во 3-ДЕ и порно филмовите е многу мала.

Облеката што ја носат јунаците во филмот, млади актери, со сомнителни актерски способности и добро „искасапени“ тела, сепак не е за возраста која го гледа филмот.

Танчерските групи во филмот „герилски“ влегуваат насекаде, по улиците рестораните и се обидуваат да го спречат злобниот бизнисмен да изгади зграда во нивното маало повеќе соблечени, отколку облечени. Тој се разбира, како и во секој тинејџерски филм, има ќерка на која паѓа главниот „мафијаш“.

Клиширана приказна во која повеќе има што да се „види“, отколку да се сфати или да ја научи младата генерација на некакви етички и морални принципи, како што тоа на времето го правеше популарната „Беверли Хилс“ или „Мерлоус Плејс“.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето