Новиот скандалозен дизајн на патиките „Адидас“

Од:

На прв поглед јаки и живи бои, новиот модел на патики на компанијата „Адидас“ сепак наместо честитки за новиот дизајн, наиде на остри критики. Проблемот – на новите спротски обувки се појави јарко портокалов додаток за зглобовите налик на окови.

Па наместо подршка и пофалба за кретивноста на креаторот, „Адидас“ се изложени на сериозни критики дека промовираат ропство.

Иако според коментарите на социјалните мрежи, новиот модел на „Адидас“ наишол на позитивни коментари кај младата популација, оваа „оковна “ патика кај голем број од јавноста поттикна револт, дека е сосема незамисливо во современито свет да се појават нашто и налик на „окови“.

Од Универзитетот Сиракуза испратиле писмо до компанијата „Адидас“ во кое пишува: „Прашајте ги црнците што мислат за вашата идеја и дали е оргиналност да се тера мода врз основа на нечие испатено минато“.

И други модни креатори го оценија дизајнот како прилично „агресивен“ и „неприфатлив“, дизајн кој ги игнорира историските факти за робството и геноцидот врз црнците. Други пак новите спортски обувки ги оценија дека премногу потсетуваат на оние кои ги носат затворениците.

Од компанијата засега се немаат огласено дали ќе го повлечат од продажба новиот модел на патики.

 

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска