Нови банкноти со ликот на британскиот крал Чарлс, но и старите нема да бидат исфрлени од употреба

Од:

Претставен е изгледот на банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс. Банката на Англија наведува дека употребата на новите банкноти ќе започне во средината на 2024 година.

Сликата на британскиот монарх ќе се најде на банкноти од пет, десет, 20 и 50 фунти, а освен ликот на кралот Чарлс, нема да има промени на постоечкиот дизајн, соопшти Банката на Англија.

„Многу сум горд што Банката го открива изгледот на нашите нови банкноти кои ќе го прикажуваат ликот на кралот Чарлс III. Ова е значаен момент, бидејќи кралот е само втор монарх што се појавува на нашите банкноти“, рече Ендрју Бејли, гувернер на Банката на Англија.

Банката на Англија истакна дека се очекува новите банкноти да бидат пуштени во оптек во средината на 2024 година, а во употреба ќе бидат и сите банкноти со ликот на кралицата Елизабета, која почина во септември.

Бакингемската палата најавува дека банкнотите со ликот на новиот британски монарх ќе се печатат само во случај да треба да ги заменат оштетените постоечки и кога ќе има потреба од печатење дополнителни средства.

Тоа значи дека старите банкноти нема да бидат исфрлени од употреба.

Причината за ваквата одлука е заштитата на животната средина, што не е чудно со оглед на тоа што кралот Чарлс е еден од водечките еколошки активисти во светот и основач на современиот концепт за производство на здрава храна.

Кралицата Елизабета Втора беше првиот британски монарх што се појави на банкнотите на фунти.

Би можело да ве интересира

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак

За време на крунисувањето, Чарлс ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници

Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс

Ана Ололовска

Бајден разговараше со кралот Чарлс Трети

Ана Ололовска

Кралот Чарлс Трети е седмиот британски монарх на поштенски марки, прв без круна

Ана Ололовска