Новата девојка на Берлускони сака да се омажи за него

Од:

Девојката на Силвио Берлускони, Франческа Паскале (28), сака да се венча со поранешниот италијански премиер и во интерјву за едно списание рече дека тој и бил привлечен уште додека била тинејџерка.

Берлускони, кој в недела ќе наполни 77 години, се разведува од својата втора сопруга Вероника Ларио, со кој се венчаше во 1990 година, и заедно имаат три деца.

– Бев малолетна кога сфатив дека многу ми се допаѓа, вели Паскале, а дел од нејзиното интервју кое ќе биде објавено во утрешното издание на Венити Феир, обајвен е на интернет страницата на списанието. Фотографија од двојката ќе ја краси насловната страница на последниот број на Венити Феир.

– Го повикав надвор, му се додворував, постигнав да се вљуби во мене и на крајот станав негова девојка. Всушност се сама направив и сега само преостанува да ми одговори „да“, рече таа.

Паскале, која израснала во Наполи за списанието откри дека Берлускони го запознала кога имала 21 година. Била соосновачка на клубот кој дејствувал под името „Силвио, ни недостасуваш“, откако го изгубил премиерското место во 2006 година.

– Веднаш го прашав дали може да му го дадам својот телефонски број и го побарав неговиот, на што тој ми одговори: Безскруполозна си.

Би можело да ве интересира

Oтворен тестаментот на Берлускони: Италијанскиот тајкун подели милиони, а им напиша последна порака на децата

Телото на Берлускони ќе биде кремирано, а пепелта ќе биде сместена во мавзолеј

Берлускони ќе биде погребан со државни почести, oпелото ќе биде извршено во Миланската катедрала

Берлускони има леукемија

Горан Наумовски

Берлускони заврши на интензивна нега

Берлускони: Монца до скудетото за година-две