Популарната апликација за комуникација, „Ватс-ап“ има намера да воведе интерфејс програма под наслов „Сториџ јусеџ“, преку којашто корисниците ќе може да следат што и како се користи за складирање на апликацијата, т.е. во меморијата на самиот мобилен телефон. Интерфејсот ќе биде поделен на три дела.
Првиот дел ќе ја прикаже вкупната количина меморија што ја презема апликацијата, вклучувајќи ги и сите мултимедија-датотеки примени или испратени преку неа. Вториот дел ќе прикажува колку меморија е зафатена исклучиво од мултимедија-датотеките, така што корисникот ќе може да види што одзема најмногу простор, за да може полесно да ги сортира содржините.
А пак, третиот дел ќе прикажува колку меморија зазема секој разговор и, во него ќе има алатка со која корисниците ќе можат да ја пребаруваат содржината на одреден разговор.