Нова ТВ реклама за Скопско

Од:

Пивара Скопје промовира нова ТВ реклама за пивото Скопско.

Приказната во ТВ рекламата ја раскажува актерот Никола Ристановски. Енергичен и позитивен, Ристановски движејќи се низ различни секојдневни ситуации ги повикува луѓето да застанат за момент и да уживаат во животот, да уживаат во секојдневните моменти и да ги претворат во утрешни спомени.

Новата СКОПСКО реклама поттикнува да се гледа позитивната страна на нештата.

– ТВ рекламата на СКОПСКО која за прв пат ви ја претставуваме денес, пренесува инспиративна, јасна и искрена порака за сите нас – да успориме малку и да го живееме сегашниот момент, затоа што денешните доживувања се нашите утрешни сеќавања. Создадовме реклама која е значајна за сите, бидејќи е позитивна, искрена и поттикнува на поголема верба во иднината, нешто кон кое ние во Пивара Скопје се стремиме, а нашиот бренд СКОПСКО го отсликува, изјави Зденка Милановиќ, маркетинг менаџер на Пивара Скопје.

СКОПСКО нѐ повикува да го направиме понеделникот петок и секој момент од животот момент за уживање:

– Вистинска реткост е да се добие сценарио што нуди простор за особен визуелен третман. Тоа беше поттик за нас, но и за целата екипа, да создадеме нешто поинакво. Со нас го имавме и Никола Ристановски, кој донесе уште еден слој на извонредност во целиот проект. СКОПСКО отсекогаш ги поместувало границите во рекламирањето, и овој рекламен филм се надворзува на таа традиција,  е задничкиот став на режисерското дуо Даријан Пејовски и Кристијан Ристески.

Рекламата е во домашна продукција и сите сцени се снимени на различни локации во Скопје.

Почнувајќи од денес се емитува на телевизија и може да се најде на Facebook страницата и YouTube каналот на СКОПСКО.

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Ана Ололовска