Уште поширока понуда на производи на Хемофарм за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија

Од:
  • Од декември 2021. Хемофарм на македонскиот пазар ги нуди познатите производи на компанијата Санофи, како Buscopan, Bisolvon и Dulcolax.
  • Во рамките на договорот за дистрибуција на здравствени производи за широка потрошувачка во 20 европски земји, Штада и Хемофарм за потрошувачите во Северна Македонија ќе бидат достапни на пет брендови (9 производи) од француската компанија Санофи.
  • Роналд Зелигер, генералниот директор на Хемофарм изјави: „Наша цел е на секој здравствен проблем да одговориме со соодветен лек или навремено превенирање. Со проширувањето на нашиот асортиман со брендовите како што се Buscopan, Bisolvan и Dulcolax, потврдуваме дека сме партнер на кој лекарите, фармацевтите, пациентите и потрошувачите ширум земјата може да му веруваат.“

Хемофарм кој функционира во рамките на групата Штада, го презема дистрибуирањето и авторизацијата за трговија на асортиманот на брендовите за широка потрошувачка на компанијата Санофи, со што дополнително ја прошири понудата на производи за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија. Bisolvon, Buscopan, Essentiale Forte N, No-Spa и Dulcolax се само некои од познатите брендови предвидени во договорот помеѓу Штада и Санофи, а ќе бидат достапни и во Северна Македонија со посредство на Хемофарм.

Кон средината на оваа година Штада и Санофи  склучија договор за 20 европски земји, меѓу кои се наоѓа и Северна Македонија. Со тоа Штада ќе има надлежност за дистрибуција и тргување со ова портфолиото на Санофи на овие пазари. Договорот на овие две мултинационални компании опфаќа дистрибуција на околу 50 брендови на Санофи, меѓу кои се производи за ублажување на кашлица и настинка, против алергиски реакции, за ублажување на болки, за подобра работа на органите за варење, додатоци во исхранaта итн. На пазарот на Северна Македонија ќе бидат достапни 9 производи во рамките на петте брендови, меѓу кои Buscopan, No-Spa, Bisolvon, Dulcolax, Essentiale Forte N.

Според зборовите на генералниот директор на Хемофарм Роналд Зелигер, оваа компанија постојано ја потврдува својата значајна улога како партнер за пациентите и потрошувачите во Северна Македонија, како и на сиот здравствен систем, бидејќи асортиманот на производите постојано го шири, се вложува во негово осовременување за да може да се понуди соодветен лек и превентива.

„Нашето широко портфолио од лекови и медицински средства представува начин на пристапување на здравствените проблеми и потешкотии кај пациентит преку современи фармацевтски решенија. Дополнувајќи нови брендови како што се Bisolvon, Buscopan и Dulcolax, Хемофарм потврдува дека е партнер на кој може да му веруваат лекарите, фармацевтите, пациентите и потрошувачите ширум земјата, бидејќи нуди модерни решенија за различни здравствени проблеми кај населението“, истакна директорот Зелигер.

На овој начин, на почетокот на зимската сезона Хемофарм го проширува постојното портфолио на брендови против кашлица, настинка, репираторни болести, дигестивни проблеми и алергиски реакции.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фотографии од доктори се користат за лажни реклами: Лекарска комора бара итна реакција од МВР и Обвинителство

Орце Костов

Животот е за забава: Нов и модерен е-шопинг со јапонскиот шмек на МИНИСО

Ана Ололовска

Компанијата Фине – станува FINE HOLDING

Ана Ололовска

5 години KARIERA.mk: отсега и ОГЛАСИ за недвижности, возила и се што вреди да се огласи!

Ана Ололовска