Група научници од калифорнискиот институт „Салк“ развија технологија за корегирање на гените со цел промена на ДНК-та во оштетени ткива и делови на телото.
– Пигментозата на ретината е генетско заболување кое предизвикува слепило. Таа се појавува приближно кај еден во 4.000 луѓе во Обединетото Кралство, на пример. Во ова проучување, ние искористивме бактериски протеин, за да ја намалиме и поправиме оштетената ДНК во ткиво заболено од пигментен ретинитис, рече за списанието „Нејчр” раководителот на истражувачкиот тим, професорот Хуан Карлос Белмонт.
Успешното модифицирање на ДНК-та кај заморче ветува успешност и кај луѓето. Тој метод во иднина може да се користи за регенерација на здрави клетки не само во очите, туку и во мозокот, панкреасот, срцето, црниот дроб и многу други органи.