Нова, олимписка модна линија на Ким Кардашијан

Од:

Ким Кардашијан објави дека нејзиниот бренд „СКИМС“ ќе пушти во продажба линија „лежерна облека“ наменета за спортистите од САД, кои ќе учествуваат на претстојните Олимписки игри во Токио, но и за своите обожаватели.

Колекцијата вклучува спортска долна облека, велосипедски „бициклистички“ бермуди, маици и други удобни парчиња облека. Таа има ограничен број и наскоро ќе биде достапна и за купување преку интернет.

Се разбира, ниту една колекција не би била успешна без привлечна кампања. На фотографиите се прикажани американските спортисти Алекс Морган (фудбалерка), А’ја Вилсон (кошаркарка), Скаут Басет (параолимписка атлетичарка), Далила Мухамед (атлетичарка) и Хејли Андерсон (пливачка). Новата спортска облека наскоро ќе биде достапна на страната на „СКИМС“.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска