Пејачката Бијонсе ја најави својата нова соработка и креативно партнерство со Адидас. Се работи за колекција облека и обувки со потисот на поп-ѕвездата.
Бијонсе планира и повторно да ја покрене својата линија спортска облека „Ајви Парк”, исто така под брендот Адидас.
– Со компанијата Адидас делиме иста филозофија на работа која ги става креативноста, порастот и општествената одговорност на прво место, нагласи таа.
Притоа, таа оваа соработка ја нарече „партнерство за цел живот”.