Нов Зеланд: Кучиња учат да возат автомобил

Од:

Организацијата за помош и заштита на животните на Нов Зеланд ги учи спасените кучиња да возат автомобил, јави Би-Би-Си.

Целта на окландската организација е да покаже колку овие животни можат да бидат интелегентни и да ги поттикнат луѓето да ги посвојуваат.

Од групата од седум кучиња, одбрани се три кои секојдневно вежбаат со дресерите.

После осум недели, кучињата Портер, Монти и Џини, во адаптиран мини купер, научиле да го стартираат автомобилот, да го стават во брзина, кочат и управуваат со воланот.

За сега кучињата возат со помош на асистенти во колите, но нивниот следен предизвик е сами да возат во живо на телевизија.

– Тие ќе скокнат во автомобилот, ќе го запалат, стават во брзина и ќе стиснат гас, изјави шефицата на организацијата, Кристин Кејлин.

Таа рече дека кучињата цело време се безбедни затоа што возат на посебна лента далеку од вистинскиот сообраќај, а дресерите во секој момент можат со далечински управувач да го сопрат возилото.

Кејлин опиша три кучиња како одлични за вдомување и додаде дека тие се интелегентни, но дека не се ништо попосебни од другите кучиња кои организацијата ги спасила од улицата.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија