Британски научници од Оксфорд открија дел од мозокот кој претставува „слаба точка“ за Алцхејмеровата болест.
– Станува збор за дел од сивата маса на мозокот, што созрева во адолесценцијата и дегенерира веќе во почетокот на постарата животна возраст, пишува стручното списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“.
Овој дел на мозокот е клучен за координација на информаци собрани од различни сетила, а според досега собраните резултати би можел да биде поврзан и со шизофренија.
Новите наоди собрани со анализа на снимки на мозокот од 484 испитаници ќе ја унапреди постапката за откривање на Алцхејмеровата болест во раната фаза на развој.
Во следната фаза на истражување, научниците подетално ќе ја истражат можната поврзаност на Алцхајмеровата и шизофренијата.