Нов модел „Најки & Сваровски“ женски патики

Од:

Спортскиот бренд „Најки“ и компанијата „Сваровски“, која е позната по својот накит од кристали, повторно ги здружија силите.

Имено, двете компании претставија нов модел патики, за жени – „Полар блу Најки & Сваровски ер макс 97“. Ова е нивна трета соработка. Претходно, тие ги имаа и патиките „Силвер булит ер макс 97“ од 2017 и „Металик голд“ од 2018 година.

Најновиот луксузен модел се заснова на патиките „Ер макс“ од 1997 година. Она што го прави посебен, се кристалите Сваровски поставени во брановидни линии со различна дебелина, а меѓу нив има класичен мрежен сивкаст материјал карактеристичен за пролетните патики на „Најки“. Внатрешноста на патиката е црна, како и јазичето, но буквите се бели.

Цената за еден чифт е 400 долари. Но, на интернет-страницата на „Најки-ам“, се чини – поради голем интерес, тие повеќе не се достапни.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска