Економската криза во Полска донесе нов бизарен феномен – младоженците се почесто добиваат празни коверти на подарок наместо пари од роднини и пријатели.
Еден млад брачен пар од 30 коверти во кои требало да има пари од родни и пријатели повикани на свадба, добиле осум празни, а во деветтото имало обична хартија исечена во големина на банкнота, за да на прв поглед не се види оти е измама.
Друг брачен пар направил свадба за 120 гости, а во половина од ковертите немало ништо.
– Криза е. Многу луѓе немаат пари за таков подарок, каков што би требало да биде свадбениот, а се срамат за тоа да зборуваат затоа што досега имале пари, го објасни новиот феномен за денешното издание на „Жечпосполита“ професорот Мариуш Јенџејко.
Според него, за ваквиот феномен придонесува и тоа што денеска се живее во свет и време за кое е карактеристична хипокризијата.
– Толку сме навикнале сите да не мамат, и ние сите ги лажеме, што таквите работи и не ги забележуваме, вели Јенџејко.