Најновиот додаток на компанијата „Mophie“ за АјФон 5 го продолжува за двапати времетрањето на неговата батерија.
Станува збор за футролата „Juice Pack Helium“, која во себе има вградено батерија од 1.500 мили Ампер часа.
Производителот тврди дека футролата двојно го зголемува времетраењето на батеријата, односно времето на разговор или сурфање на Интернет. Батеријата може да го продолжи времето на слушање музика за дури 30 часа.
Компанијата „Mophie“ досега има изработено повеќе популарни футроли за АјФон, но ова е прв модел што е компатибилен со АјФон 5.
Батеријата на АјФон 5 предизвика многу контроверзии, бидејќи иОС 6.0.2 оперативниот систем многу брзо ја троши батеријата. Најновата надградба на иОС 6.1. се уште предизвикува проблеми на батеријата.