„Нисан“ продава нов „Лиф“ во Европа на секои 12 минути

Од:

Најновиот „Нисан Лиф“ (Nissan Leaf) беше претставен на саемот во Женева во почетокот на неделата, а компанијата се пофали со задоволителни статистики.

Нарачките за возила веќе се во редот од 19.000 само во Европа, откако 13.000 од нив биле направени пред официјалната премиера.

Според „Нисан“, нарачките за новиот „Лиф“ сега се прават во Европа на секои 12 минути, што го прави најбрзо продаваниот електричен автомобил.

Сето ова значи дека моделот можеби ќе може да постави рекорд за најпродаваниот електричен автомобил до крајот на календарската година.

Минатата 2017 година, стандардот за електрични автомобили беше „Рено Зои“ со вкупно 31.300 нарачки.

Од своето лансирање на пазарот во 2010 година, „Лиф“ веќе има повеќе од 300.000 продажби.

Би можело да ве интересира

Владо Јаневски – бренд амбасадор на NISSAN QASHQAI

Нисан вложува над милијарда евра во фабрика за електрични возила во Англија

Ана Ололовска

САД испорача во Јапонија татко и син што наводно му помогнале на директорот на Нисан да избега во Либан

Жарко Настоски

Поранешната министерка Рашида Дати за совети наплатила 900.000 евра од Карлос Госн

Ана Ололовска

„Нисан“ годинава ја очекува најголемата загуба во својата историја

Жарко Настоски

Поради големите загуби „Нисан“ ја затвора фабриката во Барселона

А1он