Ни треба „право да бидеме“ заборавени онлајн

Од:

Европскиот Висок суд пресуди дека секое лице има „право да биде заборавено“. Во врска со ова, некои сметаат дека небото се урнало. Јас би рекол спротивно. Шпанскиот граѓанин Марио Гонзалес беше незадоволен од тоа што при секое пребарување на Гугл на неговото име, се појавува 16 години стар извештај за аукција на недвижен имот поврзана со некаков негов стар долг. Гонзалес сметал дека овие бајати и нерелевантни информации денес му наштетуваат. Европскиот Висок суд се согласи со него и пресуди дека европското право за гаранција на приватноста вклучува и „право да се биде заборавен“.

Судот му наредил на Гугл да го тргне линкот до архивата на еден дневен весник каде стои старата информација, откако Гонзалес ги тужеше Гугл и весникот во 2010 година. Европскиот суд пресуди дека европското право на приватност вклучува право да се каже: „Ова е навистина стара информација и веќе не ме отсликува кој сум јас денес“. Судот оцени дека нечие право на приватност е поважно од економските интереси на Гугл, па дури и од правото на јавноста за стари и нерелевантни информации.

Треба да бидеме љубоморни на нашите пријатели во Европа. Додека Европа ги штити индивидуалните права, Америка останува на ставот дека правата им припаѓаат на големите корпорации, а луѓето нека одат по ѓаволите. Се до неодамна, луѓето имаа утеха кога знаеја дека грешките ретко засекогаш остануваат. Но интернетот не внесе во свет каде „грешките засекогаш остануваат“.

Денес, дури и еден финансиски проблем од пред 16 години останува проблем за Гонзалес како тоа вчера да се случило. Сега некоја порно слика ставена од одмазда останува засекогаш во резултатите кои ќе ги исфрли Гугл, секојдневно нанесувајќи им штета на жртвите на одмаздата. Дури и една заслужена критика, како што е старо криминално досие, ќе остане засекогаш како да се случило тоа вчера. Времето за нас повеќе не е линеарно.

Дали вака сакаме да живееме? Зарем немаме право да бидеме заборавени? За време на Студената војна, ги презиравме тоталитарните режими кои имаа досие за секој граѓанин, кои содржеа компромитирачки информации кои некој ден ќе послужеа за негова или нејзина дискредитација. Се сеќавам на денот кога дознав дека ФБИ чуваат досиеја на дисиденти од 60-ите и 70-ите. Се сеќавам на денот кога пред неколку месеци дознавме, благодарение на Едвард Сноуден, дека НСА не шпионира. Никој не мисли дека е тоа нешто добро.

Реакцијата за Биг дата (масовното собирањето на податоци), како и сето она што им дава право на компаниите да не злоупотребуваат, е крик кој е безвреден. Гугл не сака да му се кажува што да прави, а критичарите се погласно се жалат на правата од Првиот амандман.

Гугл и самиот можеше да си воспостави вакви политики на одговорност. Но позицијата на Гугл е како на дрско дете: „Ти нема да ми наредуваш!“ И токму затоа не можеме да имаме убави нешта.

Па зарем нема малку злоба во оваа пресуда?

Теоретски, да. Ова може да се злоупотреби за да се откачите од важни вистинити информации. Тоа е злобното, и ќе го сметам за нетолеранција ако некој се обиде да ја оневозможи легитимната критика или информација која јавноста има право да ја знае.

Но пресудата не кажува дека старата информација мора да биде избришана. Таа не кажува ни дека Гугл треба да ги изврши барањата на судот. Таа само кажува дека ако Европејците побараат таква и таква инфорција да се тргне, Гугл мора да го почитува тоа барање, но може и да одбие тоа ако за тоа има добра причина.

А таа добра причина е онаму каде слободното изразување и слободата за информации остануваат недопрени. Еден критичар праша дали екс-нацистите можат да ја искористат оваа пресуда за да го сокријат своето учество во холокаустот. Одговорот е цврсто „не“.

Пресудата завршува со предупредување: „Правото да се биде заборавен“ не се применува ако ако се бара заради „одредени причини“: ако има добра причина да се меша во правото на граѓаните на приватност, вклучувајќи ја „улогата која ја играат податоците за субјектот во јавниот живот“, и ако повеќето докази покажуваат дека пошироката јавност имаа право да ја добјат таа информација.

Извинете стари нацисти, не можете да го искористите ова за да го сокриете вашето учество во холокаустот. Всушност јавните личности и јавните настани никогаш нема да бидат избришани.

Оваа пресуда е наменета за тебе, просечниот Хозе, кој сака да живее во таен и приватен живот. Ако живеевте во Европа, денес ќе си го повратевте тоа право.

Си-Ен-Ен – Атланта

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски