Неверојатна љубовна приказна: Ги изгубив и рацете и нозете, но таа никогаш не ме остави

Од:

Со љубов, волја и поддршка од семејството може да се победи се.

Доказ за ова се фотографиите од среќениот пар во сликите. Тејлор Морис, 23-годишен експерт за деминирање од САД остана без екстремитетите по една експлозија во Авганистан. Од пред само неколку месеци Тејлор Морис легна во болничкиот кревет и се бореше за својот живот. Рацете и нозете мораше да му бидат ампутирани.

Благодарение на неговата неверојатна храброст и навремената медицинска интервенција, Морис стана петтиот човек во болница кој преживеа ампутирање на четирите екстремитети.

Семејството, пријателите и неговата девојка Даниел Кели во тие моменти беа неговиот најголем поддржувач. Освен тоа во моментите на страв, за целото време со него била Даниел и му помагала во неговата рехабилитација.

Таа понекогаш го носи на грб, му помага да вежба, го носи на прошетка и за се што му е потребно, таа е тука.

„Беше исклучително тешко, но таа не ме остави ни за момент“, рече Морис и додаде дека не се чувствува како хендикепирано лице. Тој верува дека е жив само благодарение на добрите доктори и љубовта на неговата девојка.

„Мислам дека таа заслужува медал за храброст, цело време е со мене.Не можам да поверувам дека се уште е тука. Само поради тоа имам сила да станам секое утро и да ги направам потребните вежби, без разлика колку боли“, изјави Морис.

Двојката неодамна се ожени, а целата церемонија беше придружуван од еден нивни пријател, фотографот Тим Дод, кој објави неколку од сликите од нив на својот блог.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

Светот во 2022: Жени, живот, слобода

Горан Наумовски

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска