Онлајн сервисот за гледање филмови и телевизиски серии „Нетфликс“ ја тестира својата стратегија на глобална експанзија и дополнително се шири во Европа.
Досега „Нетфликс“ можеа да го користат само жителите на Велика Британија, Холандија и скандинавските држави, а сега сервис стигнува и во Франција, Германија, Австрија, Швајцарија, Белгија и Луксембург.
Освојувањето на „Нетфликс“ на овие земји се очекува кон крајот на 2014 година, а деталите за програмата и цените за претплата се уште не се познати.
На новите пазари ќе се нуди мешавина од холивудски филмови и серии, а во програмата најверојатно ќе бидат вклучени и некои серии од матичната држава.
Меѓутоа, „Нетфликс“ нема ексклузивни права на прикажување на сите свои серии на сите пазари. На пример, во Германија, сериајта „House Of Cards“ може да се прикажува само на Прозибен 1 и Скај Дојчланд.