Пушењето на цигари силно влијае на зголемување на ризикот за развој на многу болести, меѓу кои и на развојот на кардиоваскуларните.
Животните навики и брзиот начин на живот имаат поголемо влијание од генетската предизпозиција велат лекарите.
Долгото стоење или седење преку денот без активност и лошата исхрана може да влијаат на појавата на проширени вени.
Истражувачите открија дека хемикалиите во цигарите имаат исто така, големо влијание врз крвните садови.
Никотинот е хемиска супстанца која дирекнто влијае во згрутчување на крвта, а со тоа и го намалува протокот на крвта во телото како и создава човекот потешко да диши.
Како резултат од штетното влијание на цигарите, истражувачите откриваат дека за 50 отсто се зголемува ризикот од појава на тромб.
За разлика од мажите, кај жените кои пушат цигари се јавуваат и други здравствени последици како што е зголемување на телесната тежина, болки во телото, пецкање и промена на бојата на кожата на места каде се проширени вените.