Научниците тврдат дека пониските мажи живеат подолго од високите

Од:

Тие не се високи ниту згодни. Но, има една добра вест за сите пониски мажи: тие најверојатно ќе живеат подолго од оние високите.

Студијата спроведена на осум илјади мажи покажа дека пониските мажи се подолговечни, а  најдолго живеаат мажите високи ооколу 155 сантиметри.

Во истражувањето на американските научници се заклучува дека нискиот раст можеби е поврзан со подолгиот живот и генот FOXO3. Ниските мажи исто така имаат пониско ниво на шеќер во крвта и помалку заболуваат од карцином, пишува „Дејли Мејл“.

Професорот Бредли Вилкокс, од Универзитетот на Хаваите, појасни дека мажите биле поделени во две групи, оние кои имаат 155 сантиметри и помалку и оние од 160 сантиметри повеќе.

– Што е поголема висината, животот е покус, тврди Вилкокс.

Студијата објавена во списанието „Plos One“ опфаќа повеќе од осум илјади мажи од Америка и Јапонија чии претци се родени меѓу 1900 и 1919 година. Начинот на живот и здравствените услови на мажите следени се во текот на годините. Првпат е потврдено дека големината на телото е поврзана со FOXO3 генот.

Околу 1200 мажи од студијата биле во нивните 90-ти години или биле околу стотата година од животот, а околу 250 се живи и денес. Слична студија е објавена во 2012 година и покажала исти резултати. Проучавани се мажите во Италија и Сардинија, а се утврди дека пониските живеат две години подолго. Студијата опфатила 500 мажи кои живееле меѓу 1866 и 1915 година.

Во животинскиот свет научниците веќе потврдиле ист образец. Помалите глувци, стаорци, пони и мајмуни живеат подолго. Пример, азискиот слон живее подолго од африканскиот, кој е поголем.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он