Научниците „создадоа“ сперматозоиди и јајце клетки

Од:

Научници од Кембриџ успеаја да направат примитивна форма на вештачка сперма и јајце клетки во научното дистигнување што би можело во целост да ја промени борбата против стерилитет во иднина.

Тим на истражувачи до рани фаза на половите клетки дошол со одлгедување матични клетки во посебно контролирани услови во текот на една недела, а потоа слична техника примениле врз клетки на кожа на возрасни луѓе, кои ги „претвориле“ во сперматозоиди и јајце клетки.

Нивниот успех значи дека во иднина лекарите во борбата против стерилитетот би можеле да синтетизираат полови клетки кои имаат ист генетски материјал како пациентите.

Добиените клетки имат потенцијал да се развијат во зрели сперматозоиди и јајце клетки, иако тоа се уште не е изведено во лабораториски услови.

Следниот чекор е вметнување на раните фази на полови клетки во јајниците на експериментални глувци, што ќе покаже дали созревањето на клетките може да се очекува и во организмот на пациентите.

Тимот предводен од Азим Сурани се обиде со неколку различни пристапи пред да пронајде начин во краток рок да ги добие саканите резултати.

– Се се случува неверојатно брзо. Сега можеме да собереме матични клетки и кога ќе ги сместиме во соодветни услови, добиваме примордијални полови клетки за пет до шест дена, рече Сурани.

Неколку тимови научници се вклучени во слично истражување во претходните 15 години, но никој досега не постигна успех со синтетизирање на човечки полови клетки.

Британските закони забрануваат користење вештачки сперматозоиди и јајце клетки во терапија на двојки кои имаат проблем со стерилитет.

Доколку дојде до промени, ова истражување на многумина би им овозможило во процесот на вештачко оплодување да користат сопствен генетски материјал.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он