Научниците се се поблиску до лек за СИДА

Од:

Научниците кои бараат лек за СИДА-та велат дека ги откриле основните хемиски карактеристики на ХИВ вирусот и дека најверојатно стратегијата за борба против оваа болест може да биде напад со друг вирус.

Речиси 25 години научниците ширум светот се обидуваат да најдат лек за болеста која до сега усмрти милиони луѓе. Обединетите Нации оценуваат дека над 2 милиона лица се нови инфицирани со ХИВ вирусот лани, над една половина од подсахарска Африка.

Истражувачите развија различни лекови кои значително можат да го продолжат животот на пациенти кои се ХИВ позитивни, но поради високата цена за многумина не се достапни. Затоа научниците од Универзитетот во Мајами преземаат поинаков пристап за борба против вирусот. Во 2008 година, пациент од Берлин во Германија, е излечен од ХИВ вирусот кога примил мутиран ген во текот на трансплантацијата на коскената срж од донатор природно имун на ХИВ.

Директорот на Центарот за истражување на СИДА на Универзитетот во Мајами, Марио Стивенсон, вели дека истражувачите се обидуваат да најдат начин да овозможат мутираниот ген да биде широко достапен.

– Иако не можеме да користиме трансплантација на коскена срж за искоренување на сидата, тоа ни дава назнаки за начинот на кој би можеле да пристапие на стратегијата за лечење. Тоа ни овозможува подобро да сватиме што прави вирусот во телото на човекот кој е на терапија и ни прикажува многу пречки кои мораме да ги надминеме во намера да го искорениме вирусот.

Стивенсон вели дека делотворен метод може да биде развој на нешкодлив вирус кој може да пренесе мутирани гени директно во ХИВ вирусот. Со ваков пристап, вели тој, научниците почнаа да откриваат можен лек.

– Почетните научни напори, во кои беа вклучени многу од нас, почнаа да покажуваат како би можеле да изгледаат состојките на лекот, како изгледаат пречките за лекот и како изгледа успехот.

Научниците мора да обезбедат дека преносниот вирус ќе биде целосно безбеден, но велат дека пристапот изгледа целосно ветувачки. Тие предвидуваат дека е само прашање на време пред победата во војната против СИДА-та.

Гласот на Америка – Вашингтон

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска