Научниците потврдија дека инстинктот ни е точен 90%

Од:

Научниците со векови ја проучуваат врската помеѓу инстинктивниот и интелектуалниот начин на донесување одлуки. Едно ново истражување покажува дека луѓето не грешат во 90% од случаите, ако своите одлуки ги базираат само на основа на тоа што им говори инстинктот.

Професорот Маријус Ашер од Универзитетот за психолошки науки од Тел Авив и неговите колеги, велат дека на основа на своето истражување дошле до заклучокот дека интуицијата е многу силна алатка и е восхитувачки моќна кога е во прашање прецизно донесување на одлука.

Дури и на интуитивното ниво, важен дел од процесите на донесување одлука е интеграцијата на вредноста, односно земање во предвид предностите и мааните на секоја опција во општата слика, објаснува Ашер.

„Студијата покажува дека луѓето имаат неверојатна способност да ја интегрираат вредноста кога тоа го чинат интуитивно, со што се укажува на можноста дека мозокот има систем кој е специјализиран да ја процени вредноста. Тоа може да е оперативен систем  на основа на кој е изграден процесот на донесување одлуки“, додава тој.

За да допре до сржта на овој систем, Ашер осмислил експеримент во кој учесниците биле изложени на контролирани процеси на одлучување. На компјутери им биле прикажувани секвенци од парови на бројки кои брзо се менувала. Сите броеви од десната страна на екранот и сите од левата биле една група, секоја група претставувала добивка од вложеното на берза.

Потоа учесниците се прашани да изберат која од двете групи броеви има најголема просечна вредност. Поради тоа што бројките брзо се менувале, два до четири пара, на секои четири секунди, учесниците не можеле да ги запамтат броевите или да извршат соодветни математички операции, па за одговорот се потпреле врз интуитивна аритметика.

Кога им биле покажани шест парови, 65% од случаевите биле во право, а кога бројот на парови се зголемил на 24, прецизноста била дури 90%.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска