Мозокот сепак има „шесто сетило“, освен вкусот, мирисот, допирот, видот и слухот, пишува Фокс њуз. Шестина од човечкиот мозок функционира топографски – мапира броеви и предмети, познато под иметото „бројност“, тврди научникот Бенџамин Харвеј од Универзитетот во Утрехт.
– Ние користиме симболични броеви за застапување бројност и други аспекти на големина, но симболот сам по себе е приказ на нешто, рече Харвеј.
За да го откријат тоа „шесто сетило“, Харвеј и неговите соработници пред осум учесници на тестирањето поставиле предизвик. Морале да гледаат примероци од точки, кои периодично се појавувале во поинаков распоред, истовремено анализирајќи ги нивните невролошки реакции во мозокот.
Нивното проучување ја откри топографската функција на мозокот, а нивното откритие наголемо ќе помогне во разбирањето на математичките вештини на одделни луѓе.