Научниците направија чекор кон вакцината против ХИВ

Од:

Американските научници тестираа на мајмуни вакцина која ефикасно го отстрани вирусот СИВ, односно еквивалентот на ХИВ. Истражувањето објавено во списанието „Нејчр“ покажа дека кај вакцинираните мајмуни немало вирус, а вакцината се покажала успешна кај девет од 16 мајмуни кои се вакцинирале.

Научниците велат дека сега сакаат овој пристап да го применат и на вакцината за луѓе.

– Секогаш е тешко да тврдиме дека сме го исфрлиле вирусот, можно е да останале станици кои не сме ги анализирале, а во нив да има вирус. Но во голема мерка и со сериозни критериуми, кај овие мајмуни веќе нема вирус, изјави професорот Луис Пикер од Универзитетот во Орегон, објави Би-Би-Си.

Научниците во истражувањето се занимаваа со агресивниот облик на вирусот Sivmac 239, кој е и до 100 пати посмртоносен од ХИВ. Заразените мајмуни би угинале за две години, но кај некои кои се вакцинирале вирусот не е пренесен.

Вакцината се темели на друг вирус, кој се вика цитомегаловирус (ЦМВ) и припаѓа на семејството херпеси. Ја користеле неговата јачина, но наместо да предизвикува болест, го модификувале да го активира имунолошкиот систем на борба против молекулите на СИВ.

Истражувачите на резус макаки мајмуните им дале вакцина, а потоа ги изложиле на вирусот. Инфекцијата се пренела и почнала да се шири, но потоа телото на мајмуните почнало да реагира, да ги бара и уништува трагите на вирусот.

Мајмуните кои успешно реагирале на вакцината, здрави се и по една иполовина, односно три години подоцна. Пикер вели дека неговиот тим истражува и зошто во само од половината случаи оваа вакцина функционирала.

– Можно е вирусот да е толку патоген и ова да се најдобрите резултати кои ќе ги добиеме. Битката трае, а во половина од случаите векцината ќе преовлада, вели Пикер.

Научниците сакаат да ја испитаат вакцината и да видат дали може да се користи откако мајмуните биле изложени на вирусот, за да се излекуваат оние кои се веќе заразени. Исто така, сакаат да откријат дали оваа техника може да се користи и на луѓе. Пикер објаснува дека за човековата верзија на вакцината мора да се уверат дека таа е апсолутно безбедна. Тој дополнува дека го модификувале ЦМВ вирусот, кој сега ја активира истата реакција во телото, но неговата вирулентност е послаба до таа мера што веруваат дека без сомнение е сигурен.

Тоа треба да го потврдат и разни регулатори, а после тоа се надеваат дека по две години би можеле да почнат со тестирање врз луѓе.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он