ВИДЕО: Научниците ја открија мистеријата за насуканото морско суштество во Индонезија

Од:

Научниците најверојатно конечно ја решија мистеријата околу распаднатиот труп на „мистериозното морско суштество“ што минатата недела се насука на индонезискиот брег и предизвика интерес на локалните жители, но и во целиот свет.

Локалниот рибар Асрул Туанакота (37), кој го пронајде трупот, во почетокот мислел дека станува збор за сплав, но кога се добллижил видел дека е остаток од некое суштествп за кое помислил дека е голема лигња.

Фотографиите и видео снимките од суштеството го обиколија целиот свет, а научната заедница почна со истражување за што всушност станува збор и како животното стигнало таму.

Џорџ Леонард, водечки научник на непрофитниот Океански комитет за регулирање на пловидбата и риболовот во изјва за „Хафингтон пост“ тврди дека според деловите на скелетот што ги видел, најверојатно станува збор за остатоци од голем кит од семејството Musticeti.

Тој верува дека трупот почнал да се надувува од акумулираните гасови, поради што се изобличил до непрепознатливост.

Островот Серам се наоѓа во близина на рутите за миграција на китовите, што претпоставката на Леонард ја прави многу веројатна.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници