Научници открија зошто клетките формираат тумори

Од:

Чешки, австралиски и новозеландски научници во своето најново истражување откриле што ги поттикнува клетките на ракот да произведуваат тумори, објавија чешките медиуми.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, научните тимови од Институтот за биотехнологија при чешката Академија на науките, Грифит- универзитетот во Австралија и новозеландскиот Институт Малаган од Велингтон ги проучувале митохондриите, кои се енергетски центри во клетките, еден вид на ,,микроелектрани” одговорни за создавање на енергија.

За важно откритие го сметаат сознанието дека митохондриите можат сами да преминуваат од клетка на клетка и со тоа овозможуваат појава на нов тумор, што досега не било познато.

Правејќи експерименти врз глувци, создавајќи намерно тумори, истражувачите откриле дека канцерот почнува да се развива така што клетките со дисфункционални митохондрии „ги крадат” добрите митохондрии од околните клетки.

Но кога митохондриите ќе ја изгубат својата ДНА туморските клетки не можат повеќе да се размножуваат.

Научното откритие покажува дека со помош на мали специјални молекули може да се изврши „напад” врз митохондриите на клетките на ракот и нивната ДНК, со што потенцијално ќе се потиснат туморите.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он