Во Младинскиот културен центар денеска ќе се одржи петтиот натпревар на модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад „Тrash Fashion Macedonia 2015“.
„Trash Fashion Macedonia 2015“ го подготвија тимови од 50 средни училишта во Македонија. Годинава го поддржаа и македонските дизајнери Ирина Тошева, Јована Филиповиќ, Драган Христов – Лудус и Билјана Клекачкоскакои, кои изработија шапки со реупотреба на материјали.
За најдобрите креации ќе одлучува три члено жири во состав Катарина Штокер, Андреј Георгиевски и Катерина Трајановска.
„Trash Fashion Macedonia2015“ се оддржува по повод 5 jуни – Светскиот ден на животната средина и целта е подигање на општествената свест за зачувување на природата и намалување на отпадот преку негова реупотреба.