Над 10,8 милијарди долари за данок за наследство треба да платат наследниците на Ли Кун Хи, претседателот на електронскиот гигант Самсунг, кој почина во октомври, јавија локалните медиуми.
Семејството на Ли преку Самсунг електроникс соопшти дека даноците на наследство ќе изнесуваат повеќе од половина од вредноста на вкупниот имот на починатиот, додавајќи дека вкупниот данок од 12 трилиони корејски вони е „еден од најголемите во Јужна Кореја и на глобално ниво“.
Според семејството, износот е три до четирипати поголем од вкупниот приход на јужнокорејската влада од данок на недвижен имот во 2020 година.
Новинската агенција Јонхап објави дека тоа ќе биде најголемиот данок во историјата на Јужна Кореја.
Семејството најави дека ќе ја плати сумата на шест рати за пет години, почнувајќи од овој месец.
„Наша граѓанска должност и одговорност е да ги платиме сите даноци“, изјавија тие.