НАСА му плати 18.000 долари да лежи 70 дена

Од:

Кога пред две години се пријавил на оглас на Интернет,  каде Американската вселенска агенција НАСА нуди 18.000 долари на лице кое ќе лежи во кревет 70 дена, Андреј Иваницки мислел дека тоа е работа од соништата. Се покажа дека, сепак, таа задача воопшто не е пријатна, всушност тоа било многу болно.

Како што јавуваат американските медиуми, 28-годишниот државјанин на САД учествуваше во експериментот „Bed-Rest-Study“ каде научниците на НАСА се обидуваат да дознаат како човечкиот организам, особено коските и мускулите, реагираат во вселената. Иваницки го започна експериментот во август 2014 година.

НАСА експеримент

– Никогаш не сум лежел во болница, така што ова искуство беше целосно непознато. Самиот факт дека не смеев да седнам ја правеше цела ситуација уште поекстремна. Физички беше многу болно: телото не е навикнато да биде испружено толку долго време, рече Иваницки. Тој бил приморан 70 дена по ред да лежи во креветот чиј долен дел бил подкренат за шест степени за да може нозете да бидат на повисоко од главата.

Најтешки му биле првите неколку дена.

– Имав многу глвоболки, ме болеа коските. Многу е тешко да се биде цело време во хоризонтална положба, затоа што рбетниот столб лошо го поднесува притисокот на внатрешните органи, рече Иваницки.

Тој секоја вечер морал да заспива во 22 часот и наутро да се буди во шест. Во текот на денот не му било дозволено да дреме. Физиолошките потреби, како и капењето ги извршувал во лежечка положба. Во креветот, исто така, јадел, а тоа што воопшто не му се допаднало е тоа што морал секогаш без  исклучок да изеде се од чинијата.

НАСА експеримент

Што се однесува до плаќањето, тој доби 17.800 долари за вкупно 108 дена кои ги миналво кревет, како и за времето за подготовки на студијата и враќање во нормалниот живот. Тој морал на таа сума да плати данок од 5.000 долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега