Британски научници од Универзитетот Ист Англија открија како некои ензими кои излачуваат клетки на рак на дојка, можат да го олеснат нападот на туморите врз имунолошкиот систем.
Станува збор за ензими наречени ММП-8, кои испраќаат сигнали на имунолошкиот систем на организмот и на тој начин го „предупредуваат“ на присутност на тумори, пишува „Journal of Biological Chemistry“.
Утврдено е дека присутноста на овој ензим кај пациенти со рак на дојка била поврзана со подобра здравствена состојба.
Според првите наоди, зголеменото производство на ММП-8 доведувало до запирање на растот на туморите и изумирање на канцерогените клетки.