Најтенкиот телефон на светот во продажба од 10. декември

Од:

Кинеската компанија Виво на 10 декември ќе го пушти во продажба својот нов модел на телефон Х5 Макс, кој е најтенкиот на светот со дебелина од само 4,75 милиметри.

Во овој момент титулата најтенок телефон на светот, исто така, ја има една кинеска компанија, во прашање е Оппо и нејзиниот модел Оппо R5, кој е со дебелина од 4,85 милиметри.

Виво Х5 Макс се одликува со екран од 5,5 инчи, резолуција 1080 х 1920 пиксели и Андроид 4.4 Киткет платформа.  Телефонот има осумјадрен МедиаТек процесор кој работи на 1,7 GHz, 2 GB RAM меморија, камера од 13 мегапиксели на задната страна, како и камера од 5 мегапиксели на предната страна.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска