Најкористените лозинки на Интернет за 2018 година

Од:

Вашата безбедност на Интернет во голема мера зависи од лозинките, што ги избирате за вашите сметки. Ова е добро познат факт за кој се тврди дека е потценет од милиони луѓе ширум светот. Употребата на рутинските „abcdef“ или „12345“ продолжува да биде исклучително распространета, што во голема мера им олеснува на хакерите. Најдобрата опција е да користите апликации за генерирање лозинки, кои автоматски креираат уникатни комбинации на букви, бројки и знаци, со цел да пристапите до различни сметки.

Ова ќе осигура дека ќе бидете колку што е можно побезбедни и дека ќе паметите само една лозинка, и тоа при најава во генераторот на лозинки, што ќе го одберете. Се разбира, имате целосна слобода да одберете софистицирани комбинации кои можете да ги зачувате некаде, за да не ги заборавите. Ова е прашање на личен избор.

Новиот извештај на „Сплеш Дата“ сега ни ги кажува 25-те најчесто користени лозинки на Интернет во изминатата година. Резултатите во него се најдобрата илустрација на овој проблем. Еве ја комплетната листа на најчесто користени лозинки на Интернет во 2018 година, според „Мешејбл“.

1. „qwerty“

2. „iloveyou“

3. „princess“

4. „admin“

5. „welcome“

6. „666666“

7. „abc123“

8. „football“

9. „123123“

10. „monkey“

11. „654321“

12. „!@#$%^&*“

13. „charlie“

14. „aa123456“

15. „donald“

16. „password1“

17. „qwerty123“

Може да се забележи дека повеќето лозинки на оваа листа се елементарни и ќе треба една минута за некој да ги погоди и да ги пробие сметките на нивните сопственици. Бидете внимателни при изборот на лозинка, бидејќи ова е едно од најсилните оружја за заштита од разни закани на интернет. Сепак, чудно е дека и покрај еволуцијата на технологијата, се повеќе и повеќе луѓе не обрнуваат внимание на овој проблем.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски