Најголемата грешка на Бил Гејтс

Од:

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс на настан на фирмата Вилиџ глобал каде што присуствувал како гостин, откри дека најголемата грешка што некогаш ја направил е кога дозволил Гугл прв да ја отпочне приказната „Андроид“.

– Во светот на софтверот, особено кога станува збор за платформи, тоа е пазар на којшто победникот зема сѐ, изјави Гејтс.

– Значи, најголемата грешка направена кога било, ми беше лошото управување што доведе до тоа денес Мајкрософт да не е она што е андроид.

Тој додава и дека е природно и очекувано „Мајкрософт” да бил победникот.

– Има место само за еден оперативен систем кој не е на „Епл“ и, колку тоа чини? 400 милијарди за да заврши со М (Мајкрософт) наместо со Г (Гугл), истакна Гејтс.

Гугл го купи Андроид инк за 50 милиони долари, а во 2007 година најави нов мобилен концепт што ќе овозможи пристап на поголем број луѓе на интернет.

Би можело да ве интересира

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Ана Ололовска

Кој е крипто-бегалецот кој се крие во Србија: Контроверзен Кореец ја оштети индустријата за 40 милијарди долари

А1он

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мајкрософт: Цел на руска информативна шпионажа се 42 земји кои и помагаат на Украина

А1он

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска