Дизајнерот Кајвеј Танг создал телефон кој служи само за дојдовни и појдовни повици, а освен тоа прикажува само колку е часот.
Првата забележлива разлика од телефоните кои служеа само за повикување е тоа што овој апарат воопшто не личи на првите гломазни телефони.
Танг собира пари за својот „Лајт Фоун“, кој е со големина на кредитна картичка и треба да служи само за извршување на наједноставни операции. Телефонот е тежок 38,6 грама, го покажува времето, служи за дојдовни и појдовни повици и меморира само десет броеви. Освен тоа има и опција да ги пренасочи повиците кон „сложените“ телефони.
Најинтересната работа поврзана за овој телефон е што неговата батерија може да трае и до 20 дена. Оние кои ќе вложат 100 долари или повеќе ќе добијат примерок на „Лајт Фоунот“ кога ќе се произведе, за што на Танг му се потребни 200 илјади долари. Тој досега има собрано 55 илјади долари.