Најбараните фризури во 2012-та

Од:

Списанието Elle објави листа на најбарани фризури на познатите личности во 2012-та година, како и најмодерните бои за коса.

Најдобри фризури:

Кратка

Откако Мишел Вилијамс ја скрати својата коса, нејзината фризура стана најбарана во фризерските салони оваа година (минатата година беше на 3-то место).

„Кратката коса не бара многу внимание, а начините на кои може да се носи се многу побројни отколку што се мисли“, вели стилистот Томас Данкин.

Фризурата е особено популарна во топлите краеви, затоа што и на 40 степени косата изгледа уредно.

Долга, на степен

Меѓу славните фризури се појави и онаа на Софија Вергара. Долгата, степенасто ишишана коса ја помести на второ место сличната фризура на Ким Кардашијан.

„Софија од фризурата која се сметаше за погодна за вечерни излегувања, направи варијанта која може да се носи и преку ден“, рече стилистот Џен Аткин.

Паж

Камерон Дијаз го сврти вниманието на себе кога на доделувањето на Оскарите се појави со нова фризура. Нејзината фризерка Лона Виџи рече дека „ја задржала кратката должина на косата, а ги оставила подолги шишките за да добие секси ефект“.

Шишки

По една година пауза на листата на најпопуларните, шишките се вратија на голема врата, а најдобро во Холивуд и стојат на Зои Дешанел.

Нејзиниот фризер Данило предлага шишки кои се подолги од страните а се пократки на челото. Исто така е важно да бидат рамни, без волумен, инаку ќе бидат старомодни“.

Најдобри нијанси на боја:

Боја на шампањско

Рис Витерспун ја менуваше бојата на косата од светла руса до темно смеѓа но бојата на шампањ најдобро и прилега на нејзиниот тен и нејзините очи.

Боја на мед

Уште од 90-тите прамените на Џенифер Анистин во боја на мед, многумина ги оставаат воодушевени. Нејзината сегашна боја на коса е мешавина на природни бои на потемни и посветли прамени, како постојато да е осветлена од сонце.

Боја на јагода

Бојата на Ема Стоун е омилена на црвениот тепих и совршено се вклопува со нејзините зелени очи. Иако неодамна се врати на својата природна руса боја, многумина повеќе ја сакаат како црвенокоса.

Боја на карамела

Виткана или права, косата на Бијонсе во боја на карамел е заштитен знак на оваа ѕвезда. Комбинацијата на посветла нијанса на врвот и темна на дното, дава дополнителна димензија на нејзиниот изглед.

Сенчана (Ombré)

Овој тренд го започна Клои Кардашијан – совршен однос на бојата од коренот до крајот, па природна трансформација од смеѓа до руса дава интересна игра на светлина и сенки.

Боја на лешник

Џесика Бил ги направи сите можни промени на бојата на косата, но ова е совршен контраст меѓу нејзините светли очи и тенот.

Стратешки ставената посветла нијанса на внатрешните слоеви дава контраст кога косата се носи виткана.

Би можело да ве интересира

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски

Ја исмеваа поради изгледот по породувањето: Адријана Лима брутално им одговори на критичарите со нова фотографија

Ана Ололовска